Јужна Африка прв противник на Македонија во БЏК купот

110

Македонската женска репрезентација денеска во Ларнака ги дозна противничките во рамки на мечевите од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот (БЏК). Македонија е во групата Ц со националните тимови на: Норвешка (носител), Јужна Африка и Косово. Во првото коло македонските тенисерки утре ќе играат против репрезентацијата на Јужна Африка. Репрезентацијата на Јужна Африка се наоѓа на 85.место на ранг листата на БЏК купот и ланската сезона како најуспешна селеција од Третата зоната од Африка успеа да избори пласман во Втората зона. Составот на оваа селекција е малку познат и го сочинуваат: Џани Ван Зил, Дона Ле Ру, Мари-Луи Ван Зил, Кејтлин Рамдут, Абигајел Восло. Според програмата се играат прво двата сингл меча, а потоа следува мечот во двојки.

Врз основа на резултатите од првото коло ќе се одредат и двојките за следниот ден (вторник) кога ќе се играат мечевите од второто коло, додека мечевите од третото коло на програмата се во среда.

Во групата А се наоѓаат репрезентациите на: Бугарија, Египет и Израел, додека во групата Б се селекциите на: Естонија, Грузија, Босна и Херцеговина и Кипар (домаќин).

Трите првопласирани репрезентации од групите ќе продолжат во борба за двете први места што ќе значи и промоција (пласман) во Првата Евро-африканска зона за следната година. Второпласираните репрезентации од групите ќе продолжат да разигруваат за пласман од 4-6.место, а третопласираните ќе разигруваат за пласман од 7-9.место.

Двете четвртопласирани селекции во групите со четири репрезентации ќе испаднат од Втората Евро-африканска зона.

ПретходноАлонсо: Имаат супер-атмосфера во Охрид, прават голем притисок и секогаш можат да победат против најдобрите!
СледноФлик: Да гледаме позитивно, освоивме уште еден бод