Стефан Стојановиќ е нов европски шампион во карате за кадети и јуниори

179

Македонија освои и злато на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и У-21 во јуниорска конкуренција кое се одржува во Финска. Денеска Стефан Стојановиќ стана европски првак во категоријата над 76 килограми, откако во финалната борба славеше против Италијанецот Матео Авназини со 5-4.

На патот до финалето Стефан славеше против Амир Зуауи (Франција) 4-2,  Мартин Елијас (Чешка) 3-2, Артјом Јермолаев (Латвија) и Хуберт Јароцки (Полска) 2-1.

Македонија освои три медали на ова ЕП, откако Матеј Белистојаноски денес стана бронзенм, а вчера Андреј Басаров освои сребро во кадетска конкуренција во категоријата над 70 килограми.

ПретходноМајорка на секој начин се обидува да го раскине договорот со Трајковски
СледноПремиерлигашите потрошија повеќе од клубовите од Серија А, Бундес и Ла Лига ЗАЕДНО!