Е.Пелистер со негатива од четири гола патува во Брест

162

Е.Пелистер е поразен на првата четвртфинална пресметка против Мешков Брест за место на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Битолскиот тим на реванш дуелот во Брест патува со негатива од четири гола (27-31).

Стипе Мандалиниќ со 9 гола од 11 обиди беше прв стрелец, шест погодоци запиша Периќ, од десет обиди. На другата страна Кашпарек реализираше осум гола.

Избраниците на Жељко Бабиќ добро се држеа до средината на првото полувреме (6-8), гостите со два гола во низа поведоа со 6-10, пред одморот имаа и водство од 8-13.

Во вториот дел битолчани беа немоќни, Мешков Брест лесно доаѓаше до нивниот гол, на двапати дојде до позитива од плус осум (16-24 и 17-25). Тука веќе беше познато кој ќе излезе како победник од оваа средба. Мандалиниќ и Радовиќ со два погодоци пред самиот крај успеаја да намалат на 26-30, разлика со која заврши оваа средба.

Реваншот се игра на 29. овој месец, Е.Пелистер ќе има тешка задача, ако се земе мечот во целост денеска.

ПретходноКМФ Проект ги торпедираше “делфините“ од Израел!
СледноКостадинов и Ристовски одиграа „нула“