На култниот стадион се случи трагедија: Двајца навивачи загинаа, еден од нив имал само 13 години (ВИДЕО)

413

Двајца навивачи загинаа за време на стампедо во Чиле, пред натпреварот од Копа Либертадорес помеѓу домашната екипа Коло Коло и Форталеза. Навивачите имаа 13 и 18 години, пренесува чилеанското ADN Radio. Група навивачи, меѓу кои и жртвите, сакале насилно да влезат на стадионот без билети.

Се уште не се познати причините за смртта, а различни портали даваат различни информации. Полицијата истражува, а постои можност службено полициско возило да ги прегази и да ги усмрти навивачите, јавуваат повеќе чилеански медиуми, меѓу кои и Депортиво.

„Имаше стампедо, што резултираше со уривање на оградата“, изјавил обвинителот Моралес, додавајќи: „Во моментов истражуваме дали во смртта учествувало полициско возило“.

Натпреварот помеѓу Коло Коло и Форталеза е откажан. Копа Либертадорес е елитно фудбалско натпреварување, во кое учествуваат земји од Јужна Америка. Тоа е еквивалент на Лигата на шампионите на УЕФА.

Според тамошните медиуми жива глава спасувал и еден од најдобрите играчи од средниот ред, Артуро Видал. Фудбалерите на Форталеза трчаа за заштита во соблекувалната, додека играчите на Коло Коло предводени од капитенот Естебан Павез и Артуро Видал се обидоа да ги смират навивачите.

ПретходноСагата заврши – Салах стави потпис!
СледноМесина објасни зошто Димитријевиќ не беше во составот!