Гвардиола ќе мора да го одврзе „ќесето“: „Шумарите“ за Гибс-Вајт бараат 100 милиони!

84

Нотингем Форест ја постави цената за Морган Гибс-Вајт на точно 100 милиони фунти за да го спречи интересот за офанзивниот играч за врска од најголемите англиски клубови. „Ток Спорт“ објави дека Манчестер Сити го постави Гибс-Вајт како потенцијална замена за Кевин Де Брујн, кој ќе го напушти клубот ова лето.

Меѓутоа, ако Сити сака да го добие поранешниот играч на Волвс, ќе треба да потроши приближно колку и за Џек Грилиш при трансферот од Астон Вила.

Нотингем Форест моментално притиска да обезбеди место во Лигата на шампионите, а тоа е и клучно во обидот да ги задржи најдобрите играчи и за следната сезона.

ПретходноНаполи во преговори со несудениот македонски репрезентативец
СледноМладите одбојкари ги дознаа противниците за ЕМОФ 2025