Алкараз го освои Монте Карло, му помогнa и повредата на Музети во финалето

81
0

По една година пауза Карлос Алкараз успеа да освои Мастерс, а тоа денеска се случи откако во финалето на турнирот во Монте Карло успеа да го победи Лоренцо Мусети со 2:1 во сетови.

Сепак којзнае како ќе завршеше ова финале ако Италијанецот, откако го го доби првиот сет со 6:3 во гемови не се повредеше.

Сето тоа го искоисти Шпанецот кој убедливо ги доби вториот и третиот сет со 6:1 и 6:0 и успеа да победи.

Со овој трумф Карлито се проби на второто место на АТП листата, додека и натаму убедливо на првото место е Јаник Синер.

ПретходноПриближно 3000 учеснички го истрчаа 13. издание на Авицена Женска трка
СледноБраво Дарио: Ивановски на 13.место на ЕП на маратонската трка во Белгија!