Мбапе на разговор кај Перез и Анчелоти

369

Тимот на Реал Мадрид има тешка, речиси невозможна задача за да обезбеди пласман во следната фаза од Лигата на Шампионите. Утре „Кралевите“ на домашен терен го пречекуваат Арсенал, кој што пак има предност од 3:0 од првиот меч. Мисијата е тешка, но сепак, ова е Реал Мадрид и не е и неизводлива.

Згора на тоа, Килијан Мбапе на последниот дуел од Примера против тимот на Алавез направи сериозно лош потег стартувајќи крвнички врз еден противнички играч по што доби директен црвен картон.

Па така, денешна Марка пренесува дека тој имал директен разговор со Флорентино Перез, односно Карло Анчелоти, на кој добил секако поддршка но и совет да се смири психички по исклулувањето и да се сконцентрира на она што следува. Дуелот со Арсенал. Зошто секако, тимот на Реал Мадрид е сосема друг кога Мбапе и на потребното ниво.

 

ПретходноМакедонија до 16 забележа победа над Грузија во второто коло на Уефа развојниот турнир во Албанија
СледноГрилиш трите минути против К.Палас ги прослави со 6000 фунти сметка во ноќен клуб (ВИДЕО)