Ѕвездата на Феникс Санс, Девин Букер ќе добие понуда за продолжение на договорот со екипата од Аризона.
Шутерот на Феникс ја завршува првата сезона од четиригодишниот договор вреден 220 милиони долари. Ова лето, тој ќе има опција да потпише двегодишно продолжување на договорот од 149,8 милиони долари, што се очекува да му го понуди Феникс, објави инсајдерот Брајан Виндхорст.
Букер одигра 75 натпревари во сезоната 2024/25, со просек од 25,6 поени, 4,1 скока и 7,1 асистенции.