Стартот на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Астон Вила и Пари Сен Жермен беше одбележан со интонирање на химната на Лигата на Европа, наместо онаа на Лигата на шампионата. Овој пропуст на организаторите е благо речено – скандал.
УЕФА ова нема да им го прости на домаќините кои ги чека голема казна. Кога го слушнаа помалку познатиот звук, играчите на двата тима беа шокирани и тоа не го криеја од камерата која традиционално ги следеше.
Пропустот набрзо беше исправен, но прашањето за одговорноста и можните последици по угледот на натпреварувањето секако ќе се постави во Европската куќа на фудбалот.
The Europa League anthem was accidentally played at Villa Park instead of the Champions League anthem ahead of Aston Villa vs. PSG. 😅
— Soccer Forever (@soccerforeverhq) April 15, 2025