Евролига: Шортс го однесе Париз во плеј-оф, крај за Ц. Звезда

132

Кошаркарите на Париз предводени од нашиот репрезентативец Ти Џеј Шортс се пласираа во плеј-офот од Евролигата. Парижани славеа во плеј-ин дуелот против Реал на гости во мадридски „Висинк центар“ со 81:73.

Тоа значи дека во четвртфиналето од плеј-офот, Париз ќе се сретне со тимот на Фенербахче, кој првенствениот дел од сезоната го заврши на второто место, а Реал ќе има втора шанса да се пласира во плеј-офот во дуел со Баерн Минхен, кој во исто време по голема драма ја совлада Црвена звезда.

Шортс беше најефикасен во победничкиот тим со 23 поени и 9 асистенции, а Факундо Кампацо беше на очекуваното ниво кај Реал со 17 поени.

Црвена Звезда го заврши учеството во Евролигата по третиот последователен пораз по продолженијата. Баерн победи со 97:93 на вечерашниот меч во Минхен, а „црвено-белите“ се изборија за продолженија со кошот на Петрушев, но во дополнителните пет минути германскиот тим беше подобар. Девин Букер постигна 21 поен за победничката екипа, Филип Петрушев имаше 30 за Црвена звезда.

ПретходноЛШ: ПСЖ се препоти, хет-трикот на Гираси недоволен за елиминација на Барса (ВИДЕО)
СледноБелингам пред дуелот со Арсенал откри кој збор постојано се повторува во соблекувалната