Вчера во Скопје во една спектакуларна атмосфера пред 25.000 гледачи на Арената “Тодор Проески“, во хуманитарен меч, Вардар и Ц.Звезда одиграа за Кочани.
И тоа како имаше што да се види, резултатот од 1:3 веќе е заборавен, најважно беше што беа собрани големи финансиски средства за семејствата на настраданите и повредените лица од катастрофата во Кочани.
Генералниот директор на Ц.Звезда, Ѕвездан Терзиќ кој беше со експедицијата на српскиот шампион, истакна:
“Горди сме на фактот што Црвена звезда успеа да и помогне на братска Македонија во тежок момент по големата трагедија што го снајде македонскиот народ. Посебно ни е задоволство што стадионот беше полн, што навивачите во Македонија имаа можност во живо да ја гледаат Црвена звезда и што заеднички успеавме да собереме хуманитарна помош за семејствата на загинатите во Кочани.Црвена звезда има големо име и голем број навивачи во Македонија, а тоа најдобро се виде по атмосферата на стадионот и топлата реакција на публиката кога на терен излегоа ветераните на Црвена звезда и Вардар.Горди сме на овој однос и ќе направиме се за да го зачуваме, продлабочиме и зајакнеме во наредните години, за навивачите во Македонија да продолжат да ја сакаат и да ја поддржуваат својата Црвена звезда – заклучи генералниот директор на ФК Црвена Звезда.