Фудбалерите на Унион Берлин и Штутгарт ремизираа 4:4 во одличен натпревар од 30. коло на германската Бундес лига. Сите осум гола беа постигнати во првото полувреме, па овој натпревар само ја продолжи неверојатната серија фудбалски драми кои деновиве ги гледаме ширум Европа.
Домашните поведоа со 2:0 со головите на Андреј Илиќ во петтата и на Леите во 19. Минута. Штутгарт израмни со головите на Ундав во 23. минута и Мило во 29. минута.
Унион Берлин ја врати предноста со голот на Кефрелда во 38. минута, а потоа се случи пресврт. Популарните „Шваби“ со головите на Шабо во 43. и Фухрих во 45.+1. минута. Дојдоа до 3:4. Сепак во финишот на полувремето, со вториот гол на Андреј Илиќ Унион израмни на 4:4.
Во вториот дел и двата тима паднаа во темпото и до крајот немаше промени.