Лас Палмас со гол во 93. минута ги урна надежите на Атлетико за титула

125

Фудбалерите на Лас Палмас изненадувачки го победија Атлетико Мадрид на својот стадион со 1:0, во 32. коло од шпанската Ла Лига. Со овој пораз и на најоптимистите меѓу навивачите на Атлетико им е совршено јасно дека сонот за освојување на титулата е завршен.

„Јорганџиите“ се на третото место со 63 бода, што е за 10 помалку од водечката Барселона на шест кола до крајот. Лас Палмас е во грчевита борба за опстанок, и со овој триумф излезе прв над „линијата“ со 32 бода.

Инаку, мечот беше со многу прекини, „тепачки“, остри стартови и на крајот огромна победа на домашните, со голот на Муњоз во 93. минута.

ПретходноРома по две ремија, повторно победува
СледноРаководството на Гостивар ги чека приведените играчи кои сеуште се во полициска станица во Струга!