Големото дерби меѓу Пелистер и Вардар се игра во четврток (18.30 ч), билетите утре се пуштаат во продажба! (ФОТО)

128

И официјално, големото дерби во мак-ракометот меѓу Пелистер и Вардар во рамките на 5.коло во плеј – офот во Суперлигата, се игра во черврток од 18:30 часот во салата “Боро Чурлевски“ во Битола.

Се разбира дека ова ќе биде еден од решавачките дуели за титулата сезонава, ако се знае дека во моментов Пелистер е прв со 11 бода, а Вардар е втор со еден помалку.May be an image of 2 people, people playing soccer and text

Од таборот на шампионот, известуваат дека во текот на утрешниот ден (вторни) ќе бидат пуштени билетите во продажба.

Секако дека ова ќе биде уште еден спектакуларен меч, како и секогаш кога играат вечните ривали Пелистер и Вардар.

Тоа ќе биде меч за ракометно уживање.

ПретходноОфицијално: Постапка против Воска, ќе има и казни за охриѓани, прекинатиот меч е регистриран со 3:0 за Вардар!
СледноКендрик Нан е МВП во Евролигата!