Барселона повторно бара преместување на мечот со Ваљадолид, сега бараат дневен термин

177

Барса побара од Ла Лига да го премести натпреварот против Ваљадолид порано за подобро да се подготви за реваншот против Интер во Лигата на шампионите. Според распоредот, двата тима треба да се сретнат во 34. коло од Ла Лига на меч закажан за 3 мај со почеток во 21:00 часот.

Како што пренесува „Релево“, каталонскиот клуб побарал да се помести почетокот на натпреварот во 14:00, 16:15 или 18:30 часот за тимот подобро да се подготви за реваншот против Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Блауграна“ на 6 мај ќе игра против Интер во Милано.

Во писмото, Барселона се заблагодарува на лигата за промената на датумот на натпреварот, првично закажан за 4 мај.

ПретходноБаер (Л) потврди: Ако Реал го бара Чаби не можеме да го спречиме да си оди!
СледноТах потврди дека си заминува од Баер (Л), следна дестинација Шпанија!