Елиф Елмас и Наполи на добар пат се да тргнат победнички на стартот на новата сезона во Серија А. Македонскиот репрезентативец му донесе водство на својот тим од 2-0 во 73. минута против Венециа на домашен терен. Политано го проигра, а Елмас успеа да постигне одличен погодок.
Дијамантот дуелот го почна од клупата за резерви, влезе во 35. минута. Првиот погодок падна исто во вториот дел. Откако Инсиње промаши пенал во 56. минута, од истата позиција шест минути подоцна се поправи и му донесе водство на Наполи од 1-0.
ELMAS 2-0 pic.twitter.com/FCnNCwy9vl
— farfromvideo (@farfromvideo) August 22, 2021