Алкалоид испиша нова историја, ќе игра финале во ЕХФ Европскиот Куп. Тимот од Автокоманда успеа херојски да го издржи пеколното гостување кај Рунар, да одговори на скандинавскиот стил на игра, одигра 120 минути за паметење.
Уште еднаш на дело се покажа дека и тоа како треба да им се верува на македонските играчи. Кирил Лазаров и во моментите кога денеска се чинеше дека финалето е невозможно, успеа да ги собере своите момци и после пенали да го забележат резултатот кој значеше финале.
Без Ѓоргиев, Марко Митев и Костески, Лазаров повторно создаде магија, а на теренот главни беа младите сили на Алкалоид. Дамјан Митев имаше девет гола, Галевски успеа да ги одбрани клучните пенали. Имаме ние одлични момци Македонци, само треба некој да им пружи рака. Браво за Алкалоид!