Работнички одигра уште еден добар натпревар во четвртфиналната пресметка со Пелистер.
На вториот домашен меч славеше со 79-50 и се најде на победа до полуфиналето. После оваа средба води со 2-0.
Решавачка беше третата четвртина во која кошаркарите на Работнички постигнаа 19 поени, а примија само пет.
Рош со 18 поени беше прв стрелец кај победникот, 15 имаше Ѓуроски. На другата страна Галовеј и Мишковиќ имаа по 13 поени.