Вечерва во салата во Радовиш се одигра финалето во Купот на Македонија во Футсал. КМФ Форца успеа во драматичен меч да слави со 5:4 против тимот на КМФ Осогово и со тоа да го освои пехарот на Фудбалската федерација на Македонија.
Стрелци за головите за победничкиот тим беа Левеска два, Зекири, Исмаили и Јонузи.
За поразениот тим головите ги постигнаа Ристовски и Станојковски по два.