Главчев избран за нов претседател на КФСМ (ФОТО)

215

И официјално Томица Главчев е нов претседател на КФСМ, тој доаѓа на местото на Перо Антиќ, кој после шест години ја напушта „куќата на кошарката“. Во отсуство на легендата на македонската кошарка му беше изгласана недоверба.

На Вонредното Изборно Собрание на кое беа присутни 38 членки од вкупно 50, Главчев беше едногласно избран за прв човек на КФСМ во следните четири години.

 

Главчев е успешен бизнисмен, ја создаде Блокотехна, клуб кој не постои одамна, а во 2019 година триумфира во Балканската ига (БИБЛ). Тој беше дел од УО на актуелното раководство на КФСМ, помагател на МЗТ Скопје во АБА-лига, како и дел од спонзорскиот тим на Партизан во минатото.

Генерален секретар на КФСМ ќе биде Томче Стојчевски, додека пак Младен Ѓуроски би требало да биде Извршен директор.

ПретходноАлпер Потук жестоко ќе биде казнет!
СледноГлавчев до клубовите: Ви ја подавам раката за подобро утре на кошарката