Ставрев ќе им суди на Макаби Хаифа и Нефчи во Конференциската лига

179

Откако минатата недела судеше на Кипар на меч од Лигата на Европа, нашиот судиски интернационалец Александар Ставрев оваа недела патува за Израел.

УЕФА денеска ги објави судиите за реванш средбите од плеј-оф колото во европските купови, а Ставрев заедно со своите асистенти Костадинов, Петрески и Јакимовски доби улога на делител на правдата на мечот од Конференциската лига меѓу Макаби Хаифа и Нефчи.

На „Сами Офер“ стадионот во Хаифа се очекува голема битка, затоа што првата средба меѓу овие два тима заврши со 3:3.

ПретходноГвардиола е загрижен: Не знам дали ќе успееме!
СледноНадал „падна“ на петото место на АТП листата