Пеп Гвардиола: Во јуни 2027 ако не се пензионирам тогаш ќе земам подолг одмор!

211

Беше четири години стратег на Барса, потоа беше три на Баерн Минхен, а во Манчестер Сити е од 2016. Јасно е дека тоа е Пеп Гвардиола, според многумина најдобриот тренер во историјата на фудбалот.

Иако оваа сезона му е најлоша во кариерата, има шанса да освои трофеј и тоа во ФА Купот, сепак Пеп и натаму е ценет и респектиран. Овој човек освои се што можеше да се освои како тренер.

Иако тренерски е доста млад (54), сепак тој размислува и на пензија или пак на еден подолг одмор.

Ова е изјавата на Пеп за тоа што ќе прави од јуни 2027 година па натаму, кога му истекува договорот со Манчестер Сити:

Кога ќе ми истече договорот со Сити во јуни 2027, имам намера малку да сопрам што се вели. Ако не се пензионирам тогаш секако дека ќе земам подолг одмор. Како сакам да ме запаметат? Па, не знам, мислам дека фановите на Барса, Баерн и Сити уживаа кога ги гледаа моите екипи како играат“ рече покрај другото славниот Гвардиола.

ПретходноХари Мегваер како “Харалдињо, Харидињо, Хари Јамал“….! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноБаерн со мега – понуда: 125 милиони евра за Вирц и 125 милиони евра за Леверкузен!