ВМФЛ: “Лавовите“ на гости во Неготино, Арсими сака победа и во Велес

252

Попладнево од 17 часот се играат сите осум средби од 28.коло во Втората лига. Остануваат уште три кола до крајот и работите полека се разјаснуваат. Борец и Вардарски веќе се испаднати, Осогово веројатно ќе игра бараж за опстанок.

На врвот Македонија ЃП ако победи денеска во Неготино кај Вардар се чини дека ќе стави „печат“ на враќањето во елитата, додека Арсими има голема шанса и денеска да дојде до трите бода, ако се знае дека тимот на Чегране му гостува на Борец во Велес.

Брегалница е веќе во „аут“ во битката за враќање во ПМФЛ, а третиот Башкими има незгодно гостување кај Кожув.

Да потсетиме Македонија ЃП е прва со 60 бода, Арсими е втор со 58 а Башкими трет со 57 бода.

Првите две екипи одат директно во ПМФЛ, а третиот игра бараж со тимот кој ќе заврши десетти во Првата лига.

ДВОЈКИ ЗА 28.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

Вардар (Н) – Македонија ЃП

Борец – Арсими

Брегалница – Беласица

Детонит – Охрид

Кожув – Башкими

Скопје – Победа

Осогово – Новаци

Вардарски – Саса

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 60, Арсими 58, Башкими 57, Брегалница 52, Охрид 42, Детонит 40, Беласица 39, Саса 36, Скопје 35, Кожув 33, Новаци 32, Победа 31, Вардар (Н) 30, Осогово 23, Борец 13, Вардарски 11

ПретходноГолема трагедија: Двајца млади мотоциклисти загинаа во ужасна несреќа во која учествуваа 11 возачи
СледноПелистер има двајца странци на негова позиција, па реши да гради кариера во Австрија