Алонсо уште пред да дојде расчистува со неколку играчи на Реал

711

Како што стојат работите, од јуни тимот на Реал Мадрид ќе го води Чаби Алонсо. Карло Анчелоти заминува, ќе биде нов селектор на Бразил, а Алонсо по фантастичниот успех со Баер Леверкузен, заслужено заминува во Мадрид.

Медиумите во Шпанија уште од сега се бават со тоа на кого од играчите ќе им биде кажано „благодарам“, а прв на сите листи е Лука Модриќ. Управата наводно ќе го испочитува со настап на клубското првенство во САД, а потоа хрватот многу веројатно ќе си замине како слободен играч. Алонсо нема намера повеќе да го чува ветеранот во тимот и покрај неговите огромни заслуги.

Лукас Васкез е следниот на листата кој по евентуалното доаѓање на Тренд Александер Арнолд исто така би бил стандарден но на клупата.

Родриго е веројатно оној околу кој јавноста би имала најмногу полемика, затоа што бразилецот е релативно млад, и има уште многу фудбал во него. Сепак, тој не би сакал да ја има улогата на резерва на Мбапе и Виницијус, а тука е и Џуд Белингам. Сите овие сакаат да се констатно на терен, па Родриго веројатно ќе го гледаме во друг клуб од лето.

Феланд Менди е исто така на цена на пазарот може да се заработи од него, како и од голманот Луњин кој што покажа завиден квалитет кога го замени Куртоа сезонава. Хесус Ваљехо е резервист кој никогаш и не ни имал значајна улога во тимот, па нормално е да си ја побара среќата на друго место.

 

ПретходноЗа „тепачите“ од ФК Гостивар официјални кривични пријави
СледноГалевски: Ќе го дадам најдоброто без разлика дали ќе добјам минута, две или пет