Синот на Кристијано Роналдо и официјално доби повик за репрезентацијата на Португалија. Тој ќе биде дел од турнир во Хрватска, на кој што се очекува да добие шанса во репрезентативниот дрес на својата земја.
Се работи за Меморијалот „Влатко Марковиќ“, на кој, покрај Португалија и домаќинот, ќе учествуваат и Јапонија, Грција, Франција, Швајцарија, Романија и Англија.
Тоа значи дека еден од најдобрит фудбалери на сите времиња, и официјално добива наследник во репрезентативниот дрес каде што е апсолутен рекордер и по настапи и по голови.
Не треба да изненади доколку Кристијано Роналдо не одлучи да биде активен се до дебито на Роналдо „јуниор“ во А репреземтацијата на Португалија, за да настапат заедно. Сепак, јавноста веќе прави и шега на оваа тема секако споредувајќи го Роналдо и неговиот син, со Леброн Џејмс и неговиот син Брони кој што стана дел од Лејкерски настапува заедно со неговиот татко, но реално е далеку од квалитетот за НБА лигата.