Вчера претседателот на САД, Доналд Трамп го прими првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино со цел да се види до каде се подготовките за СП кое ќе се одржи следната година во САД, Канада и Мексико.
Како прво тој нагласи дека не знаел дека Русија не учествува во квалификациите за Мундијалот, дека била суспендирана од страна на ФИФА и УЕФА.
Посочи и дека добро би било да се најде модус да се врати Русија во светскиот фудбал зошто според него тоа ќе биде чекор напред за прекин на војната во Украина, што според него бил приоритет.
Инфантино потврди дека Русија е под суспензија поради агресијата врз Украина, но и тој се сложи дека најдобро за сите е да дојде до мир најбрзо што може за да и Русија биде вратена на светската фудбалска мапа.