ПМФЛ: Шкендија и официјално е ШАМПИОН, драма во Струмица и 4:3 за Брера, победи и Тиквеш! (ВИДЕО)

1241

Шкендија и официјално е шампион на Македонија за сезоната 2024/25. На тетовци денеска им требаше било каква победа за да на две кола до крајот ја официјализираат своја петта титула во клупската историја или прва по пауза од четири години и во тоа успеаја. Четата на стратегот Јетон Беќири го победи Работнички со 2:1 и со тоа се искачи и дефинитивно на тронот во мак – фудаблот.

Стрелци на головите беа Љатифи и Тамба, за Работнички стрелаше Делеј од пенал.

Во Струмица невидена драма и на крај победа на Брера од 4:3 против Шкупи и тоа со головите на Ѓорѓиевски и Драме во 90 и 90+5. минута откако беше 2:3 за Шкупи. Ова е голема победа за Брера со која има шанси да го избегне местото кое води во баражот.

No description available.

Во Кавадарци домашниот Тиквеш славеше против Беса со 1:0 и тоа со голот на Миловановиќ за големи и екстра значајни три бода.

Пелистер – Воска и Силекс – Гостивар од познати причини ќе бидат регистрирани со службени 3:0 за домашните екипи.

Вчера Вардар и Струга ТЛ одиграа без голови.

РЕЗУЛТАТИ 31.КОЛО

БРЕРА – ШКУПИ 4:3

(Наумчевски 28.,Ндезенгуе 78., Ѓорѓиевски (п) 90., Драме 90+5./Асани 31, Имери 45.. Кадриу 76.)

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2:1

(Љатифи 6., Тамба 33./Делеј (п) 62.)

ТИКВЕШ – БЕСА 1:0

(Миловановиќ 40./)

ПЕЛИСТЕР – ВОСКА 3:0 (СЛ)

СИЛЕКС – ГОСТИВАР 3:0 (СЛ)

ВЧЕРА

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 0:0

ПретходноТрамп не знаел дека Русија не учествува во квалификациите за СП 2026!
СледноТитулата се врати под Шара: Шкендија повторно на тронот! (ФОТО+ВИДЕО)