Од денеска Македонија и официјално има нов шампион, тоа е Шкендија. По двегодишна доминација на Струга ТЛ, претходно една сезона и на Шкупи, Шкендија по петти пат во својата клупска историја е првак на Македонија.
Ова е и прва титула на Јетон Беќири како тренер на тетовци. Минатата сезона Струга ТЛ среде Тетово им ја “украде“ титулата на коло до крајот, но сега Шкендија не ја направи истата грешка. Го победи мотивираниот Работнички со 2:1 и тоа беше сосема доволно да започне славјето под Шара меѓу играчите и стручниот штаб.
Познато е дека до крајот на сезоната не смееда има публика, па затоа тука не беа фановите на Шкендија.
Да потсетиме дека Шкендија беше шампион на Македонија во 2011, во 2018, 2019 под водство на Ќатип Османи, во 2021 под водство на Ернест Ѓока а сега со тренерот Јетон Беќири.
Интересно, Бесарт Ибраими како двоен шампион со Струга ТЛ минатото лето се врати во Шкендија и повторно освои титула.
Реално Шкендија оваа сезона покажа најмногу и затоа ја заслужи титулата.
Честитки.