Постекоглу: Возбудени сме што сме во финалето

153

Екипата на Тотенхем планира со евентуалното освојување на Лигата на Европа, во буквална смисла да си ја спаси сезоната. Тимот кој игра очајно во Премиер лигата, сега има шанса за голем трофеј и акцентот ќе биде ставен исклучиво на тоа.

Синоќа Тотенхем ја доврши задачата во дуелот со Бодо Глимт. Победи со 0:2, на гостински терен и се пласираше во финалето каде што си закажа дуел со стар познаник, тимот на Манчестер Јунајтед.

Финалето на 21. мај ќе биде класично премиерлигашко дерби, но тоа на менаџерот на Тотенхем Енџи Постекоглу воопшто не му пречи напротив.

„Не можев да бидам погорд на тимот. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар тука. Бевме свесни за теренот и за успехот на Бодио тука. Но, момците се покажаа добро. Возбудени сме што сме во финалето“, рече Постекоглу.

„Покажавме зрелост и знаевме точно што треба да направиме. Мислам дека токму затоа го добивме натпреварот. Во првото полувреме, речиси и да не им дадовме шанси и одлично ја завршивме работата. Ги искористивме сите играчи во составот, се справивме со секоја тешкотија. Откако почнаа елиминациите, играчите кои се вратија од повреди ни беа од голема помош“, вели менаџерот па поентира.

„Го правиме сето ова за навивачите. Сите знаеме што се обидува да постигне овој клуб долго време. Менаџерите и играчите доаѓаат и си одат, но навивачите остануваат. Денес имаше 400 луѓе со нас. Има уште многу што нè чекаат дома. Се надевам дека им дадовме причина да се насмевнат. Сега само треба да продолжиме да го правиме она што го правиме“, заклучи Австралијанецот.

ПретходноАморим: Ако не го добиеме финалето, како да не сме направиле ништо
СледноДоколку Јунајтед и Бетис освојат трофеји, Антони ќе испише историја