Шпанец е првото засилување на Арсенал летово

92

За сума од 60 милиони евра, тимот на Арсенал, постигна договор за купување на досегашниот играч на тимот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди. Играчот кој беше мета на огромен број на клубови ширум Европа, се реши за Премиер лигата и Арсенал, затоа што веројатно очекува да освојува титули.

Како клубот така и самио играч веќе постигнаа усен договор, а писмениот официјално ќе биде потпишан на 1 јуни кога ќе стартува летниот преоден рок.

Само потсетување дека оваа година преодниот рок се отвора на 1 јуни и ќе се затвори накратко на 10-ти, по што повторно ќе биде отворен од 16 јуни до 1 септември. Причината е Светското клупско првенство на ФИФА, кое за прв пат се одржува во Соединетите Американски Држави.

ПретходноИнтер е во плус 200 милиони евра благодарение на ЛШ
СледноКК Пелистер: Резултатски потфрливме, но следната сезона ќе биде наша!