Македонските младински репрезентативци Матеј Гаштаров и Горазд Ристовски се нови шампиони на Србија во младинска категорија со својот тим Црвена Звезда.
Нашите млади интернационалци суверено ја освоија титулата и повторно ќе бидат дел од младинската Лига на Шампиони како што тоа беше случај изминатата година.
Гаштаров веќе потпиша и професионален договор со првиот тим на Црвена Звезда и во следниот период многу веројатно дека ќе биде вклучен на тренинзите на првиот тим.
Истото наскоро се очекува да се случи со Горазд Ристовски.