Ако вечерва цела фудбалска Европа говори за веројатниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, некако во втор план е информацијата од Италија. А таа е дека Јувентус ја одредил цената со која Кристијано Роналдо може да се оди од Торино. Имено за 25 милиони евра Португалецот би можел да ја промени средината, нешто што е желба на самиот Кристијано.
Да посочиме дека неговиот договор со Јуве истекува наредното лето.
Инаку интересно е тоа што иако станува збор за релативно мала сума за фудбалските гиганти, досега ниту еден клуб не појавил интерес да го купи Роналдо.