Лондонскиот клуб не ја почна сезоната според очекувањата, запиша два порази на стартот на Премиер-лига, последниот од градскиот ривал Члези.
Ниту навивачите, ниту се чини и челниците на клубот не се задоволни од работата на Микел Артета. Арсенал никако не успева да се врати на старите патеки по заминувањето на Арсен Венгер.
На голем удар во јавноста се најде Артета, навивачите бараат отказ, а неофицијално првите луѓе на клубот му дале рок од три меча за да ја спаси сезоната, во спротивно ќе следи разделба.
Англиски „Телеграф“ денеска пишува дека прва опција е Антонио Конте, кој остана без работа откако доби отказ во Интер. Во Арсенал планираат да го контактираат и да се обидат да го донесат на чело на клубот, секако доколку дојде до раскинување на соработката со актуелниот тренер.
Конте веќе има работено во Англија, две сезони го водеше Челзи со кого стана првак, нешто што на Арсенал му се нема случено повеќе од 15 години.