Познато е дека младите ракометари на Пелистер се пласираа на Ф4 во младинската ЛШ и ќе играат за трофејот во ова престижно натпреварување.
Интересно е тоа што, барем од она што може да се види на сајтот на ЕХФ каде се официјалните термини и сатници на овие натпревари, Пелистер првиот меч, оној од полуфиналето против ГОГ ќе го игра во 9 часот наутро, и тоа не во „Ланксес Арената“ во Келн, туку во градот Дорманген. Второто полуфинале меѓу Веспрем и Барселона е закажано за 11.30 часот истиот ден, исто така во Дорманген.
Само финалето ќе се игра во Келн.
Секако дека ова по малку е и разочарувачки, посебно за тоа дека ќе се игра во 9 часот рано наутро.