Зајков си оди од Универзитатеа Крајова, но не и од Романија

304

Македонскиот репрезентативец, Ѓоко Зајков по завршување на сезоната ќе го напушти тимот на Универзитатеа Крајова. Според нашите информации романскиот тим и нашиот фудбалер нема да ја продолжат соработката, неговиот договор истекува токму по завршување на оваа сезона, поточно на 30 јуни.

Зајков сепак нема да си оди од Романија, најверојатно ќе премине во редовите на Универзитатеа Клуж која ќе игра во Конференциска лига.

Македонскиот репрезентативец во Крајова дојде во 2023 година од тимот на Славија Софија каде играше како позајмен играч.

ПретходноЛапорта: Халанд? Ништо не е невозможно, но…
СледноНБА казни клучен играч на Оклахома Сити за натпис на маичка