Колку сакам да го победам Вардар од 1 до 100? СТО…. вака го започна официјалниот прес тренерот на Струга Трим Лум, Илѓо Ѓорѓиоски, пред утрешното Куп финале кога со својот тим ќе му се спротивстави на Вардар. На Арената Тодор Проески, Стружани доаѓаат со скриени адути кога станува збор за тактиката и составот, но со отворени амбиции да се победи лутиот ривал.
„Вардар е мој клуб, но утре сакам да го победам. Нема тука дилеми. Финале на куп е меч кој пред почеток на сезона го посакуваат сите екипи. Овој меч се чека цела години, ние успеавме да бидеме во финалето. Струга ТЛ го посакува трофејот да го донесе во Струга да ги израдува своите фанови. Подготвени сме како на физички, технички, тактички и психички план. Струга е млад ти кој постои 10-тима години и во тој период освои две титули во првенството а има и едно финале. Ова е второ финале и очекувам да го освојам трофејот. Вардар е мој клуб, клуб со кој сум освојувал трофеи, но ако ме прашате од еден до сто колку посакувам утре да го победам Вардар, тоа е 100. Вардар е фаворит ќе игра пред своите навивачи, пред Комити, но ние ќе играме за да го победиме. Вардар оваа полусезона направи еден конкурентен тим, направи добри резултати изминативе месеци, но ние имаме свои сметки и калкулации и знаеме како да стигнеме до трофејот – изјави Ѓорѓиоски.
Шабани: Подготвени сме, искуството е на наша страна
Од друга страна пак, капитенот на Струга Трим Лум, Буњамин Шабани исто така е оптимист рпед мечот утре.
„Подготвени сме , сите сме искусни играчи, живееме за вакви мечеви. Мотив повеќе за нас ќе биде на вака гостински терен да го освоиме трофејот“ – рече Шабани.