Бобан Николов, новиот член на Шериф Тираспол, е позитивен на Ковид-19. Тој и така немаше право да игра вечерва во Загреб во реванш мечот од плеј-офот во Лигата на Шампионите против Динамо Загреб, но оваа информација е лоша, многу лоша за нашиот нов селектор Благоја Милевски. Тој денеска во 12 часот ќе го објави списокот на играчи на кои ќе смета на септемвриските квалифиикациски мечеви за СП 2022 во Катар, против Ерменија, Исланд и Романија.
Е, сега, дали и позитивниот Николов ќе биде на него, останува да се види. Не е тајна дека Милевски има проблеми во средниот ред. Одамна се знае дека Аријан Адеми е повреден, и ако веќе не ќе може да смета и на Николов, тогаш работите уште повеќе се усложнуваат. Сепак да се надеваме дека до 2 септември со Ерменија, или барем на следните мечеви со Исланд ( 5 септември) и Романија (8 септември), Милевски ќе може да смета на играчот за врска на Шериф и еден од нашите најдобри фудбалери.