ВМФЛ – ЗАПАД: Вардар, Воска, Силекс…, стартува лигата која гарантира квалитет и неизвесност!

704

Со мечевите од 1.коло, денеска стартува новата сезона во ВМФЛ – ЗАПАД. Лига, која според учесниците во 2021/22 сезона, гарантира квалитет и неизвесност. А како и поинаку ако во таа лига се Вардар, нашиот најтрофеен клуб,  потоа Силекс, актуелниот освојувач на Купот, Воска Спорт со одличен тим и високи амбиции. Се разбира Тетекс, еден од нашите најголеми фудбалски брендови, Охрид кој пред два месеци секунди му недостигаа за влез во елитата. Па, Кадино, Гостивар, Велешта кои и лани играа значајна улога на западот. Тука е екипата на Беса, која исто има солидни финансии и добар тим и секогаш опасниот Кораби.

ВАРДАРЦИ СО МЛАДИНЦИ ВО ДЕБАР

И токму Кораби ќе ја има таа чест да го дочека Вардар на стартот, кој ќе биде драстично ослабен зошто ќе игра со младинци и тоа поради фактот дека засилувањата се уште не ги регистрал. Воска Спорт во својот прв меч како второлигаш ќе гостува во Гостивар, Силекс пак игра кај Кадино. Тетекс го дочекува составот на Велешта, и Охрид ќе му виде домаќин на тимот на Беса.

Сите мечеви започнуваат од 16 часот.

ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО – ДЕНЕСКА (16:00 Ч)

КАДИНО – СИЛЕКС

ОХРИД – БЕСА

ТЕТЕКС – ВЕЛЕШТА

ГОСТИВАР – ВОСКА СПОРТ

КОРАБИ – ВАРДАР

ПретходноАнглиските клубови спречија речиси 60 играчи да одат на репрезентативен собир
СледноВујовиќ: Победникот ќе биде решен после 120. минути