ВМФЛ – ИСТОК: На стартот дербито во Прилеп, Победа го дочекува Кит Го

335

И на истокот денеска стартува новата сезона во ВМФЛ. Ги нема веќе Тиквеш, Брегалница и Борец, секако лигата е нeшто послаба од минатите две – три години, но затоа тука се Победа, Беласица, Кит Го, Слога (Виница) Каменица Саса, Кожуф…кои би требало да имаат важна улога во првенството.

И на стартот веднаш дерби, Победа во Прилеп го дочекува Кит Го. Меч кој ветува неизвесност, тука нема фаворити и аутсајдери. Слога Виница го дочекува Братство а во Кочани домашниот Осогово се среќава со Каменица Саса. Новиот второлигаш, тимот на ТИМ Локомотива игра со Кожуф и во последниот меч составот на Детонит ќе ја предизвика Беласица.

ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО – ДЕНЕСКА (16:00 Ч)

СЛОГА (В) – БРАТСТВО

ОСОГОВО – КАМЕНИЦА САСА

ТИМ ЛОКОМОТИВА – КОЖУФ

ПОБЕДА – КИТ ГО

ДЕТОНИТ – БЕЛАСИЦА

ПретходноВујовиќ: Победникот ќе биде решен после 120. минути
СледноПелистер ја продолжи соработката со Малешевиќ