Македонската репрезентација до 21. година на чело со новиот селектор Горан Станиќ денеска се собра во хотел Парк и го означи стартот на подготовките за двомечот против Косово.
Првиот контролен меч ќе биде одигран на 28 мај, со почеток во 19. часот на стадионот Фадиљ Вокри, во Приштина.
Вториот тест дуел со Косово го играме во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, на 31 мај со почеток во 15. часот.
Што се однесува до нашиот состав, откажа единствено Дарко Сековски од Вардар поради повреда, а Адриан Зенделовски ќе задоцни на подготовките поради клупски обврски.
ГОЛМАНИ:
Васко Василев – Гостивар
Љупче Џеков – Силекс
Славе Вргов – А.П. Брера
ОДБРАНА:
Давид Даилоски – Венло, Холандија
Андрија Димески – Вождовац, Србија
Андреј Аризанковски – А.П. Брера
Анес Мелиќи – Шкендија
Никола Најдовски – Тиквеш
Ѓорге Џеков – Силекс
Марко Стојилевски – А.П. Брера
Нуман Ајетовиќ – Шкупи
СРЕДЕН РЕД:
Матеј Ангелов – Работнички
Ѓорѓи Дошев – Македонија Ѓ.П.
Адриан Зенделовски – Олимпик, Шведска
Теодор Николовски – Работнички
Мартин Ѓоргиевски – А.П. Брера
Никола Манојлов – Работнички
НАПАД:
Димитар Данев – Работнички
Димитар Трајков – Дуго Поље, Хрватска
Матеј Гаштаров – Звезда, Србија
Михаил Талевски – Вардар
Кире Стојанов – Беласица
Хамза Меметриза – Струга Трим Лум