Кузманоски со прв собир, Новеска го објави поширокиот список за европскиот младински фестивал

185

По назначувањето на функцијата селектор на репрезентациите до 17 години, Горан Кузманоски, предводникот на машкиот национален тим, и Даниела Новеска, тренерот на женскиот национален тим, веднаш се “фрлија“ на работа и ги објавија пошироките списоци за европскиот младински фестивал кој ќе се одржи во Скопје.

Кузманоски се одлучи за 36 имиња (СПИСОК) и собирот го имаше веќе денеска во Антон Димитров во Бутел- Скопје. Машката М17 репрезентација на Македонија на претстојниот младински фестивал е дел од групата А против Хрватска, Исланд и Шпанија.

Даниела Новеска пак се одлучи за 31 име (СПИСОК), собирот ќе се одржи во сабота, во спортската сала Мајка Тереза – Скопје. Нашата ракометна селекција е дел од групата Б заедно со селекциите Исланд, Норвешка и Швајцарија

ПретходноБесир Демири е верен на Работнички
СледноСудии за баражи: Трпчевски ќе им суди на Беса и Башкими