Денеска од 17 часот се играат трите баражи за пополнување на ВМФЛ. Победниците од овие три средби следната 2025/26 сезона ќе се натпреваруваат во второлигашкото друштво.
Се очекува најинтересно да биде во Кавадарци, каде тимот на Осогово кој заврши на 14.место во ВМФЛ, се среќава со Шкендија Арачиново, тим кој што заврши како првак во северниот регион.
На теренот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје ќе играат Преспа и Слога Виница, додека на стадионот во Ѓорче Петров силите ќе ги одмерат екипите на Големо Коњари и Тетекс.
Да потсетиме, ако во регуларниот дел од овие мечеви нема победник, нема да има продолженија, веднаш ќе се изведуваат пенали.
БАРАЖ МЕЧЕВИ – ДЕНЕСКА (17 Ч)
Кавадарци: Осогово – Шкендија (А)
Скопје: Преспа – Слога (В)
Скопје: Г. Коњари – Тетекс
ФОТО: ГФК Осогово/ФБ