ЕХФ со факт кој оди во прилог на Алкалоид: Традиционално победникот од првото финале го подигнал пехарот!

2451

Алкалоид брои ситно до реванш финалето против АЕК во ЕХФ Европскиот Куп. Тренерот Кирил Лазаров и неговите момци се на 60. минути и четири гола позитива од историскиот трофеј во ова натпреварување. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија има за задача утревечер (20:30 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ пред полни трибини да одигра уште еден меч за паметење.

За овој дуел не се зборува само во Македонија и Грција, туку и во цела Европа. А целата бајка ја има токму младиот тим на Алкалоид, кој не само што има млади ракометари, туку и 90% од нив се Македонци.

ЕХФ денеска ја објави главната најава за битката во Скопје, забележа интересни факти:

*Алкалоид е првиот тим кој му нанел пораз на АЕК на домашен терен оваа сезона во ЕХФ Европскиот Куп. Грчкиот тим ги има добиено сите претходни пет натпревари во Атина.

*Алкалоид нема пораз дома во ЕХФ Европскиот Куп, ги одби сите мечеви (вкупно пет), импресивно игра и во домашната лига, каде има 11 победи и само едно реми пред своите навивачи.

*За првпат во историјата на ова натпреврување пехарот може да го освои тим од Македонија. Пелистер беше финалист во ЕХФ Челенџ Купот, но беше поразен.

*Историјата може да се повтори кога станува збор за грчкиот ракомет. Олимпијакос лани не успеа во финалето да надокнади четири гола разлика против Валур.

*Мартин Серафимов има 68 гола до сега во ова натпреварување Девет гола го делат од првиот стрелец оваа сезона Диано Нерис Ческо. До вториот финален меч, Серафимов постигнувал по 6.18 гола во просек.

*Од сезоната 2015/2016 година, освојувачот на ова натпреварување има победено на првиот меч – седум од осум пати. Единствен исклучок беше нерешниот резултат во првиот меч во сезоната 2018/19.

ПретходноЧави се уште ја нема преболено Барселона
СледноФлориан Вирц соопштил во Баер: Сакам трансфер само во Ливерпул