Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Вардар нема премногу да биде на одмор летово. Го очекува ефро настап, како награда за одлично одиграната пролетна полусезона.
Стратегот Гоце Седлоски не даде премногу одмор туку многу бргу ќе даде наредба за повторен собир во базата во Хиподром.
Од таму пак, на 13 јуни ќе се замине на базични подготовки во Словенија, поточно во Раденци, каде што Вардар веќе и се подготвуваше. Се останува до 3 јули, а притоа ќе бидат одиграни и неколку пријателски средби.
Будуќност Подгорица прв ривал
Кога се пријателските пак во прашање, закажан е и првиот тест меч. Против тимот на Будуќност од Подгорица, а секако дека наскоро ќе се знаат и останатите противници.