Од РК Вардар предмалку објавија дека во екипата се враќа поранешниот член и актуелен репрезентативец на Македонија Филип Талески. Оваа информација и тоа како ќе ги израдува навивачите на Вардар затоа што Талески важеше за еден од нивните омилени играчи во минатото.
Родениот крушевчанец се враќа во Вардар по епизодата во Бенфика каде е од 2023 година.
Претходно од 2014 до 2017 беше дел од тимот на Металург, па замина за Германија, каде што беше дел од Рај Некар и Балинген, по што се врати во Македонија и попиша за Вардар.
Ова е сериозно засилување за „црвено – црните“ за следната сезона, кога очигледно Вардар планира да нападне и титула и куп во домашниот шампионат.