Млад возач во Инди 500, ги “покоси“ членовите на својот тим! (ВИДЕО)

263

Роберт Шварцман, млад возач во Инди 500 во Индијанаполис, инаку некогашен член на академијата на Ферари, имаше ужасен старт во својата кариера во оваа конкуренција.

Имено во 86 круг, тој требаше да влезе ви боксот, но се случи несекојдневна несреќа, едноставно “покоси“ четири лица од својот тим.

По ова тој видно потресен даде изјава:

Како двете предни гумуи да беа заклучени, болидот не реагираше, јас бев само гледач. Секако дека жалам за овој инцидент, но не можев да реагирам“.

Најлошо мина лицето кое било задолжено за полнење гориво, повреда на стопалото, останатите минаа без сериозни повреди.

Сепак шокот беше присутен кај сите нив.

ФОТО: Youtube

ПретходноАнчелоти: Моја задача е да го направам Бразил повторно шампион
СледноТорино се откажа од Елмас: „Биковите“ сметаат дека 17 милиони евра за „дијамантот“ се премногу