Оклахома направи брејк и дојде на победа до големото финале (ВИДЕО)

232
фото: OKC THUNDER (X)

Оклахома направи „брејк“ и поведе со 3:1 против Минесота во финалето на Западната конференција. Иако во првиот натпревар беше убеливо поразена, Оклахома победи со 128:126 во драматичниот четврти меч и стигна на само една победа од големото НБА финале.

Шеј Гилџес-Александар ја предводеше Оклахома со 40 поени и беше убедливо најефикасен поединец на натпреварот, но повторно слободните фрлања што ги реализираше предизвикаа внимание. Тој беше на „пенал“ линијата 14 пати, од кои погоди 12.

Џејлен Вилијамс го одигра можеби најдобриот плејо-оф меч, бидејќи забележа 34 поени, пет скока и три украдени топки, додека Чет Холмгрен исто така беше одличен со 21 поен.

Кај Минесота, особено импресивна беше клупата од каде Никел Александар-Вокер постигна 23 поени, Донте Винченцо 21, а Наз Рид 11.

Од стартерите Ентони Едвардс застана на само 16 поени, а Џулиус Рендл имаше само пет.

Следниот натпревар се игра ноќта меѓу среда и четврток во Оклахома.

Претходно“Бомба“ од С.Арабија: Роналдо се прости од Ал Наср!(ФОТО)
СледноТИМ И ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Каде е Ибраими таму се титулите