Шахтјор е последниот патник во Лигата на Шампионите, познати се сите шешири!

500

 

Шахтјор Доњецк е последниот патник во групната фаза во Лигата на Шампионите. Украинскиот тим во реванш мечот со Монако дома губеше со 0:2, но сепак со многу среќа успеа да дојде до целта. И тоа со автогол на гостите во 115.минута, односно во продолженијата за конечни 2:2. Инаку во регуларниот дел беше 1:2 за Монако. Колку за потсетување, во првиот меч, Украинците победија со 1:0.

Па така сега и официјално познати се сите шешири пред денешната ждрепка која ќе се одржи во Истанбул во 18 часот.

ПРВ ШЕШИР: Челзи, Виљареал, А. Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Интер, Лил, Спортинг.

ВТОР ШЕШИР: Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Ливерпул, Севилја, Дортмунд.

ТРЕТ ШЕШИР: Порто, Ајакс, Лајпциг, Салцбург, Бенфика, Аталанта, Зенит, Шахтјор.

ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Динамо Киев, Клуб Бриж, Јанг Бојс, Милан, Малме, Волфсбург, Шериф, Бешикташ.

ПретходноДржавата и даде стан за освоен медал на ЛОИ во Токио, таа му го подари на тренерот!
СледноБакоч, Кошанин и Миса нови засилувања во Академија ФМП