Алкалоид против Пелистер го почнува мини-маратонот!

985

Поради обврски во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, Алкалоид на крајот на сезоната ќе одигра три меча во речиси шест дена или мини-маратон.

Прв во серијата на домашни натпревари е актуелниот првак. Кирил Лазаров и неговите момци денеска (19 часот) во салата Автокоманда го пречекуваат Пелистер во меч од осмото коло во плеј-офот. Битолчани по поразот во финалето на Купот на Македонија од Вардар 1961 и пред главната битка со „црвено-црните“ во Скопје (сабота) за титулата ќе бараат победа за враќање на самодовербата, но и за останување во игра за врвот.

На другата страна, иако Алкалоид во голем дел од сезоната не настапи комплетен, сепак и во Купот се покажа како незгоден ривал за фаворитите, па сигурно ќе сакаат да продолжат со одличните игри особено на домашен терен каде немаат пораз.

После овој меч, Алаклоид го пречекува ГРК Охрид, мечот се игра во петок, исто во Автокоманда, додека плеј-офот го завршува на гости кај Бутел Скопје викендов.

ПретходноПолуфинале ЛН: Португалија против традицијата, Германија подготвена за финале
СледноПромоција: Васко Василев на голот на Работнички!(ФОТО)