Во игра се 165 милиони долари: Дончиќ потпишува тригодишен договор со Лејкерси!

1367

Се чини дека ЛА Лејкерс има големи и долгорочни планови со Лука Дончиќ. Јасно е дека сеуште Леброн Џејмс и натаму е прва ѕвезда на клубот, но Лејкерс имаат намера да го задржат Словенецот и да почнат нова ера кога Леброн ќе се пензионира, па кога и да биде тоа.

Токму затоа раководството на клубот има намера со Лука Дончиќ да потпише тригодишен договор, јасно со опција тој да биде и продолжен, и тоа за 165 милиони долари. Или по 55 милиони евра по сезона.

Ова секако дека звучи примамливо за Лука. Се чека само да мине 2 август, за да може да се официјализира потписот ако се знае дека тогаш ќе минат шест месеци од трејдот на еден од најспектакуларните кошаркари во НБА, од Далас во Лејкерси.

ПретходноБарди се збогуваше со Бодрумспор! (ФОТО)
СледноПознат списокот на одбојкарките за вториот турнир во Сребрената лига на Фарски острови!